Празнична магија го осветли Ист Гејт Мол

 Вчера (13.12.2021), бајковита и забавна музичка атмосферавнесе вистинска празнична магијаво најголемиот регионален центар, познат и како новата шопинг престолнина, —Ист Гејт Мол.

Сите очи на настанот беа свртени кон 12-метарската елка, која ја осветли Sarah Mace,за време на својот оригинален А капела настап од празнични песни со The Christmas Girls.

Ист Гејт Mол го изначи иофицијалниот почеток на празничните настани во претстојниот период, исполнети со секојдневни забавни активности во духот на празниците. Атмосферата беше надополнета со веселиотДедо Мраз, кој на присутните дечиња им приреди слатко изненадување со подарување на неодоливи новогодишни пакетчиња, а елегантните BrasstetSkopjeја збогатија празничната магија во молот со изведба на некои од најпознатите безвременски празнични мелодии. Од 15.12.2021 (среда), започнуваатDesign Gate (ексклузивна продажба),од 15.-20.12.2021, нетрпеливо се очекува и „Unview the new – by BMW“настанот на 25.12.2021 (сабота), а атмосферта во молот секако е секојдневно позабавна со студиото во живо на City Radioво Ист Гејт Мол.Сè до 10.12.2021, на сите посетители им е достапна и изложбата,,Изгледаш прекрасно денес”, во организација на Europe House и Европска Комисија.

Еден од најочекуваните празнични настани во Ист Гејт Мол е гламурозната„Празнична и магична GLAM ревија“,која што ќе се оддржина 16.12.2021 (четврток) со почеток во 17:00 часот, а по која што секако ќе следи и „Музичкиот танцов фестивал“,каде во сабота на 18.12.2021 најмалитепосетители во Ист Гејт Мол со почеток во 13:00 часотзаедно ќе се забавуваат со единственитеПоточиња и маскотата Поки, а и ќе уживаат вотанцовите точки на познатите студијаEat the Beat, Aqua Dance Studioи Еурека. На 23.12.2021 следуваат слатките празнични вкусови на настанот „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“,кој што се очекува да започне во 17:00 часот.

Сите љубители на добра храна и вино од 23.-25.12.2021 ќе можат да бидат дел и од „Wine & Dine Фестивал“, а авантуристите ќе имаат шанса да дознаат повеќе за голем број дестинации на„Регионалниот Саем за туризам“ од 17.-18.12.2021.

Во празничната магија на Ист Гејт Мол ќе се вклучи и Полифонија (детски хор), – музичка платформа на млади уметници, која ќе се претстави со свои настапи на 19.12.2021 (недела) од 12:00 часот и на 30.12.2021 (четврток) со почеток од 17:00 часот.

Оваа сезона, посетителите во Ист Гејт Мол имаат единствена можност да бидат дел од едно поинакво и оригинално празнично искуство, со селекција на 250 реномирани брендови, од кои 40 се достапни за прв пат, а од чија богата понуда може да се создадат голем број на уникатни новогодишни подароци за семејството и пријателите.

Најубавите моменти од настанот на 13.12.2021, може да се погледнат на следното видео: https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/1046816759228533/

 

 

Треба да знаете
Последни објави