Присуството на коронавирусот во клубовите од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција прави сериозни проблеми. Само изминатава недела регистрирани се нови 42 случаи на позитивни фудбалери и вработени во клубовите.
Пет клубови потврдија дека имаат позитивни играчи, а моментално најмногу има во таборот на Тотенхем и Манчестер јунајтед. Токму поради ова дуелот на Тотенхем и Брајтон изминатиот викенд беше одложен, а истото се случи и со денешната пресметка помеѓу Брентфорд и Манчестер јунајтед.
Премиерлигашите се загрижени дека поради новиот сој на коронавирусот, „омникрон“ првенството ќе биде привремено прекинато. Според докторите во Англија, две вакцини против Ковид-19 не се доволни за да се запре ширењето на новиот сој, па затоа препорачуваат и трета „бустер“ доза.
Клубовите засега немаат план за вакцинирање со трета доза, па токму поради тоа можно е запирање на натпреварите и тоа по наредба на британските власти. Засега ова се само шпекулации, но доколку се зголемат случаите на позитивни од Ковид-19, тогаш можно е Премиерлигата да биде суспендирана.