Ждрепката за осминафиналните двојки во елитното клупско европско натпреаврување Лигата на шампионите вчера одржана во Нион во два обиди, ја окарактеризираа скандали поради кои и денеска реагираат клубовите. Најтрофејниот европски тим со шампионски титули во ова натпреаврување шпанскиот Реал Мадрид најави и правда пред судските инстанци. Тие бараа нивната двојка со Бенфика по првото извлекување да остане, што УЕФА не го профати, а по жалбата на Атлетико Мадрид, реши целата ждрепка да се повтори.
Во второто извлекување Реал Мадрид го доби за ривал ПСЖ. Во еден момент од втората ждрепка, многумина помислија дека беше направена уште една грешка затоа што кога беше извлечен Вилјареал, меѓу потенцијалните ривали го немаше Ливерпул, иако тие два тима ниту беа во иста група, ниту се од иста земја.
Подоцна беше објаснето дека Ливерпул не можел да се падне со Вилјареал затоа што ако се паднел тој пар, на Интер ќе му останела опција меѓу Јувентус и Реал Мадрид, а и двата пара се невозможни. Интер и Јувентус се од иста земја, а „нераѕурите“ играа ви иста група со Реал Мадрид, па едноставно тоа беа невозможни опции.