(Фото) Фустан од пајажина: Зендеја во совршен аутфит на премиерата на „Spider-Man: No Way Home“

25-годишната актерка, на која пред само еден месец ѝ беше доделена титулата на икона на стилот, носеше стил целосно подготвен за „Spider-Man“ во понеделникот на премиерата на филмот во Лос Анџелес – блескав „nude“ фустан покриен со детали од пајакова мрежа.

зендеја
Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Неверојатната Валентино тоалета се одликуваше со длабоко деколте, висок шлиц на бутовите и тенки прерамки, што ја покажуваше совршено тенката фигура на ѕвездата. Таа го дополни аутфитот со црни светкави шпиц Кристијан Лобутин потпетици и прекрасни блескави Булгари обетки и два прстени, спарувајќи го изгледот повторно со „плетење“, со плетенки и „smokey“ шминка со совршено исцртување.

Интересен детал беше везената маска за очи со мониста и чипка која ја прекриваше нејзината глава, која беше обликувана да личи на црна Спајдермен маска дополнувајќи со врвниот гламур.

зендеја
Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Зендеја се појави на црвениот килим со нејзиното момче и ко-актер, кој го игра главниот лик на Спајдермен, Том Холанд, кој гордо стоеше покрај својата девојка за настанот. Актерот и самиот блесна на килимот, облечен во шик чоколаден Прада костум со двојно закопчување и вратоврска, комбинирајќи ја облеката со Кристијан Лобутин чизми во Челзи стил.

зендеја том холанд
Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Премиерата е првиот од ред настани кои ќе го испромовираат најновото филмско остварување за Спајдермен, чија премиерно пуштање во кино салите е на 17 декември. Прес турнејата доаѓа по неколкумесечна врева за статусот на врската на двојката, која по долгогодишните гласини за нивната наводна романса ја потврди кога беа фотографирани како се бакнуваат во јули оваа година. Иако по тоа случување тие продолжија со обидот да ги држат нештата во тајност, конечно се отворија за нивната љубов еден кон друг за прв пат за време на интервјуто за магазинот „GQ“ во ноември оваа година.

спајдермен премиера
Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

А во новиот филм, откако сега е откриен идентитетот на Спајдермен, нашиот пријателски маалски спасител е демаскиран и повеќе не може да го одвои својот нормален живот како Питер Паркер од високите барања и потреби да биде суперхерој.

Треба да знаете
Последни објави