Чави во зимскиот преоден рок ќе прави реконструкција во Барселона

Новиот тренер на шпанскиот фудбалски гигант Барселона кој е во длабока финансиска и резултаска криза сезонава Чави Ернандез, планира да направи голема реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок. Според шпанските медиуми Чави највил разделба со 6-7 фудбалери кои што имаат мала минутажа или веќе се на залезот од својата кариера.

Според каталонскиот весник „Ел Насионал“, на таа листа со фудбалери кои нема да му бидат потребни во пролетниот дел се наоѓа дури и Серхио Бускетс, кој по заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ, ја доби капитенската лента. Бускетс целата кариера ја помина во каталонскиот тим, одигра 651 натпревар.

Весникот додава дека Бускетс во зимскиот преоден ред ќе се пресели во Манчестер сити каде треба да биде замена за Фернандињо и повторно да работи со Пеп Гвардиола.

Освен Бускетс, во зимскиот преоден рок би можел да си замине и Жорди Алба зад кого се најдобрите години во кариерата, а извесно е дека на лето од Барселона да си замине и Жерар Пике кој самиот најави пензионирање од професионалниот фудбал. На излезната врата од „Камп Ноу“ се наоѓаат и Филипе Кутињо, Самуел Умтити, Клемен Ленгле, кои не добиваат шанса да играат, а се највува дека ќе заминат и стандардните Сержињо Дест и Френки де Јонг.

Треба да знаете
Последни објави