Лидерот во Втората фудбалска лига – Запад, Силекс денеска допатува во Велешта да го одигра заостанатиот натпревар од последното 15. коло со истоимениот тим, но домаќинот не го оспособил теренот за одржување на натпреаврот. Средбата пак не се одигра, па кратовскиот лигаш најверојатно ќе ги добие трите бода на зелена маса, наместо на теренот во Велешта покриен со снег и кал.
Обидот на домаќините да го исчистат теренот беше безуспешен, услови за игра не постоеја по судиите предвреме свирнаа крај. Кратовци есенва имаат само две ремија и со 41 бод се лидери, девет повеќе пред Воска и 12 пред Вардар па напролет ги чекаат уште 12 рунди за да го заверат експресното враќање во прволигашката конкуренција.
Тетекс со 3-2 славеше во Гостивар во меч на кој „штофарите“ за четири минути го најавија триумфот во првиот дел кога Андреј Јаневски во 29-та и Дамјан Масевски во 33-та погодија за водство од 2-0, а Ринор Ајдини в 50-та стави печат со трет гол, откако Синај Хасан пред полувремето го врати Гостивар во мечот. Љавдрим Скендери вторпат погоди за гостиварци на 20 минути пред крајот, но домаќините на крај не успеаа да се изборат за барем бод.
Кораб и Охрид ремизираа (0:0) во третиот одложен натпреавр од саботата во западна група.
Во Втората лига – Исток, Кожув минимално со 1-0 славеше против Братство од Житоше, а Детонит Јуниор и Осогово ремизираа без голови (0.)) во двата одложени меча од саботата.