(Видео) Јокиќ во елемент игра добро и предвреме го праќаат во соблекувалната !

Во најсилната кошаркарска лига на светото НБА се одиграа девет натпревари, а повторно во центарот на вниманието беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ. Играчаот на Денвер, Јокиќ во пресметката со Вашингтон одигра во свој стил, но повторно ги загуби нервите и  предвреме беше испратен во соблекувалната. Денвер го совлада Вашингтон со 113:107, а центарот Јокиќ стана првиот кошаркар по Вилт Чемберлен во 1962 година, што успеал да има скор со повеќе од 19 поени, 15 скока и седум асистенции за помалку од 20 минути поминати на теренот.

Јокиќ го заврши мечот со 28 поени, 19 скока и девет асистенции, а беше испратен во соблекувалната откако беше удрен во лицето и не му беше досуден прекршок за што им се истури на судиите кои му пресудија за испадот две технички грешки, што знаеше и автоматско исклучување. За Јокиќ ова е седмо исклучување во НБА кариерата.

Индијана и Голден стејт одиграа неизвесен натпреавр. До победата Голден стејт стаса со поени реализирани во последниот напад. Стеф Кари е само на една тројка од израмнување на рекордот на Реј Ален по бројот на постигнати удари од зад линијата за три поени во НБА историјата. На дуелот против Индијана, Кари постигна пет тројки и сега е на бројката од 2.972 тројки.

Резултати: Кливленд – Мајами 105:94, Индијана – Голден Стејт 100:102, Торонто – Сакраменто 124:101, Атланта – Хјустон 126:132, Бостон – Милвоки 117:103, Мемфис – Филаделфија 126:91, Далас – Шарлот 120:96, Денвер – Вашингтон 113:107, ЛА клиперс – Феникс 111:95.

Треба да знаете
Последни објави