Рекордна осма зимска олимпијада за Германката Пехштајн

Четириесетидвегодишната германска натпреварувачка во брзо лизгање Клаудија Пехштајн избори рекорден осми олимписки настап, исполнувајќи ја нормата на Светскиот куп во Калгари во квалификациите за Зимските олимписки игри (ЗОИ) од 4 до 20 февруари идната година во Пекинг.

Пехштајн во кинеската престолнина ќе настапи на своите осми ЗОИ, што досега не и успеало на ниту една спортистка.

Прославената германска олимпијка за прв пат настапи на Игрите во Абервил во 1992 година и оттогаш освои девет олимписки медали, од кои пет златни и по две сребрени и бронзени одличја.

Апсолутен рекордер е Канаѓанецот Јан Милан, кој има 11 олимписки настапи во коњички спорт.

Треба да знаете
Последни објави