Со одложените натпревари се комплетира прволигашкиот и второлигашкиот дел од есенскиот дел

Со еден прволигашки натпревар и пет второлигашки кои изминатиов викенд не се одиграа во редовните термини, беа одложени поради лошите временски услови денеска (13 ч.) треба да заврши есенскиот дел од мак-фудбалот. Во прволигашката конкуренција, во Струга истоимениот прволигаш во рамките од 18. коло ја пречекува Ренова.

Во вторологашката конкуренција треба да се одиграат мечевите од 15.коло кои во саботата беа одложени поради лошите временски услови. Во источната група останаа да се одиграат средбите Кожув- Братство  во Гевгелија и Детонит – Осогово во Радовиш, и три средби од ситото коло во западната група: Велешта – Силекс во истоименто место, Кораби – Охрид во Дебар и во Гостивар истоимениот лигаш го пречекува Тетекс.

За комплетирање на есенска сезона за утре е закажан четвртфиналниот натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Пелистер и Вардар во Битола.

Треба да знаете
Последни објави