Со одигрувањето на одложениот натпревар од последнпото есенско коло во Струга каде истоимениот домаќин ја совлада Ренова (1:0) спуштена е завесата во прволигашката фудбалска конкуренција на мак-сцената. Струга ТЛ до победата и трите бода стигна со погодокот на Дејан Цветановски во судиското продолжение од мечот (92 минута).
Натпревар помина во израмнета игра, а Струга ја искористи бројчаната предност која ја имаше од 64. минута кога беше исклучен гостинскиот играч Медин Бајрами во последните моменти од натпреварот. Стрелецот на голот Цветановски беше џокерот од клупата на тренерот Срѓан Захариоевски кој во игра влезе во 84. минута.
Македонското фудбалско првенство продолжува на 13 февруари кога лидерот Шкупи ја пречекува во Скопје второпласираната Академија Пандев.
Табела: Шкупи 42 бода, Академија Пандев 35, Шкендија 34, Брегалница 29, Ренова 27, Македонија ЃП 27, Струга 26, Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5.