Короната го „нападна“ и Реал Мадрид

Новиот бран од пандемијата наметната од коронавирусот продолжува да прави проблеми во европскиот фудбал, откако денеска дојде информација за нови заразени играчи и во таборот на Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, позитивни на Ковид-19 во таборот на „кралевите“ се Лука Модриќ и Марсело, кои веднаш се испратени во изолација.

Поради тоа, двајцата ќе го пропуштат најмалку следниот меч на Реал Мадрид, закажан за в недела против Кадис.

Вчера за заразени со коронавирусот беа двајца и од кошаркарскиот тим на мадриѓани и тоа тренерот Пабло Ласло и Томас Ертел.

Треба да знаете
Последни објави