Алиоски има понуди во зимскиот преоден рок да се врати на евро-сцената

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски во зимскиот преоден рок би можел да го напушти  Ал Ахли и да ја продолжи кариерата во Европа. Шест месеци откако донесе одлука да замине во Саудиска Арабија, тој повторно има понуди за да се врати на стариот континент. Дел од нив повторно се актуелизираат, а беа на маса и во летниот преоден рок.

Лидерот на табелата во турскиот шампионат, тимот на Трабзонспор, се уште е заинтересиран да го доведе Алиоски. По 16 кола, Трабзон има дури девет бода предност пред Коњаспор на врвот на табелата во Турција, а сака да го засили тимот со уште неколку имиња, меѓу кои и Алиоски.

И англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед сака да го врати во своите редови Алиоски, бидејќи  Жуниор Фирпо и не се снајде најдобро во тимот на Марсело Биелса.

Најновата понуда за Алиоски е од италијанскиот калчолигаш Верона. Хрватскиот стратег Игор Тудор инсистира да го добие брзиот лев бек како засилување оваа зима. Последниот збор дали ќе биде приофатена некоја од можните опции за Алиоски поак да игра на евро-сцената ќе го има клубот Ал Ахли, кој го има под договор македонскиот репрезентативец до јуни 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави