Атлетико Мадрид ќе има трпение нема да го продава младиот Феликс

Актуелниот шпански фудбалски првак Атлетико Мадрид не белеска оваа сезона. Во трката за одбрана на титулата имаат дури 13 бода помалку од лидерот, градскиот ривал Реал. Поради ваквата неочекувана на резултатси план сезона од клубот најавуваат реконструкција на играчкиот кадар, иако се смета дека ростерот е меѓу најквалитетните кои ги имале во последните години под палката на тренерот Диего Симеоне. Меѓу оние кои би заминале од Атлетико се споменува и младиот напаѓач Португалецот Жоао Феликс, кој моментално го држи клупскиот рекорд за направен трансфер. Феликс пристигна во Мадрид во 2019 година од Бенфика за сума од 126 милиони, но не ги оправда вложените пари.

И покрај тоа што нема доволно минутаже, а кога ќе добие шанса да игра не е на поскауваното ниво, раководството на Атлетико Мадрид вели дека ќе има трпение кога е во прашање  22-годишниот Феликс.

-Тој во моментов не е на продажба. Има 22 години и сметам дека се уште го нема покажено целиот свој фудбалски потенцијал. Ќе му дадеме време – порача претседателот на клубот, Енрико Серезо.

Феликс има договор со Атлетико Мадрид до 2026 година.

Треба да знаете
Последни објави