(Видео) Кари во „Медисон Сквер Гарден“ го мина Ален и стана најдобар тројкаш во историјата на НБА

Изминатава ноќ во најсилната кошаркарска лига во светото НБА се одиграа само три натпревари кои останаа во сенака на постигнувањето на Стеф Кари кпој стана најдобар тројкаш во историјата на ова натпреаврување. Голден стејт го совлада Њујорк 105:96, во меч на кој Кари стана новиот „крал“ на тројките, а на другите две средби Бруклин го победи Торонто со 131:129, а Портланд беше подобар од Феникс со 111:107.

Ѕвездата на Голден Стејт, Кари ги надмина легендарните Реј Ален и Реџи Милер по број на постигнати тројки. На Кари му требаа две тројки за да го мине Ален, па уште во првата четвртина од мечот на Голден Стејт против Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“ погоди и ја крена целата Арена на нозе за да дојде до бројката од постигнати 2.974 тројки и да избие на врвот на ранг-листата.

Кари првата тројка ја постигна во 2009 година, а сега во кариерата има вкупно 2.977 тројки, четири повеќе од легендата Реј Ален. Статистиката е сурова и покажува дека нема никакви дилеми кој е подобар шутер од нив двајца. Кари го надмина Ален дури со 500 меча помалку одиграни за да стигне до ова остварување.

-Никогаш не сакав да се нарекувам најдобар шутер на сите времиња додека не го поставив овој рекорд. Сега веќе може да кажам дека сум најдобриот тројкаш, рече Кари.

Кари мечот го заврши со 32 поени, Пул даде 19, а Вигинс 18 за победата на Голден Стејт со 105:96 против Њујорк, за кого Рендл погоди 31 поен.

 

Треба да знаете
Последни објави