(Видео) „Фантастични ѕверки 3“ дава прв поглед на Мадс Микелсен како Гринделвалд

Конечно е објавен новиот трејлер за „Фантастични ѕверки: Тајните на Дамблдор“, а со него доаѓаат нови ликови и нов негативец кој го замени Џони Деп, кој  беше принуден да го напушти филмот по случајот за клевета во Лондон.

„Фантастични ѕверки: Тајните на Дамблдор“, со оригинален наслов Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore, е трет дел од серијалот филмови со дејство сместено пред приказната на Хари Потер во книгите на Џ.К. Ролинг.

Во тизерот се гледа Њут Скамандер (Еди Редмејн) и тим од неверојатни херои како се здружуваат за да ги откријат тајните на Дамблдор и да го спасат светот од сигурна пропаст додека растат моќите на Гринделвалд.

Данскиот актер Мадс Микелсен го глуми Гриндевал, негативецот од кого сите се плашат. Тој ја презеде улогата од Деп. Неговата верзија на ликот делува прилично угладено, коментираат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави