Еурофарм Пелистер со вториот тим покаже дека има рецепт за Вардар во Битола

Тежок испит го очекува повеќекратниот македонски и двократен европски ракометен првак Вардар вечерва (18 ч.) на гостувањето во Битола кај ривалот за одбрана на титулата на домашната сцена Еурофарм Пелистер, во салата „Боро Чурлевски“. „Фармацевтите“ еднаш сезонава и тоа со својот втор тим во прволигашкото друштво покажаа дека имаат доволно инспирација и вистински рецепт за Вардар како да се скроти во Битола (27:26). Дали ќе биде ефикасен рецептот и вечерва ќе зависи во многу работи и од „црвено-црните“ кои непосредно пред гостувањето во Битола направија шок-терапија со смената на тренерската клупа од каде замина Веселин Вујовиќ.

Што ќе преовлада ќе треба да поажат двете екипи на паркетот. Првото дерби меѓу овие две екипи во Скопје го доби Вардар, но неочекувано загуби од вториот тим на Еурофарм Пелистер и сега двете екипи се на делба на првата позиција со еднаков број на бодови. Битолчани очекуваат силна поддршка од трибините, а се најавува присуство и на гостинските навивачи што дополнително треба да ја направи атмосферата пожешка.

Тимот на Еурофарм Пелистер не знае за пораз на тринаесет натпревари во низа. Последен пат битолскиот клуб запиша неуспех на домашен терен од Ним во ЕХФ Европската лига. Вардарци се во лоша серија од седум порази на европската сцена што придонесе за да се загуби самодовербата, па овоа македонско дерби ќе биде можност „црвено-црните“ да се вратат на победничките патеки.

Треба да знаете
Последни објави