И Пелистер со подбро изведување на пенали преку Вардар стаса до полуфиналето од Купот на Македонија

Пелистер е четвртиот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија, откако попладнево со подбро изведување на пенали го елиминира скопски Вардар (3:2 на пенали – 0:0 во регуларниот дел). Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, шесткратниот освојувач на големиот преоден пехар од ФФМ, Вардар не ја искористи слабата форма на последнопласираниот прволигаш Пелистер. Јунак на битолчани беше младиот  голман Филип Трајчевски, кој одбрани два пенали во четвртата и петтата серија за да го однесе Пелистер во полуфиналето, каде истотака со подбро изведување на пенали пласман обезбедија бранителот на трофејот Силекс, Македонија ЃП и Струга ТЛ.

Вардарци кои до ова четвртфинале стигнаа со две победи на пенали против Победа и Скопје, денеска немаа свој ден. Промашија три пенали во серија (Глишиќ, Стојковски и Блажевски) откако имаа водство од 2-1 по две изведени серии. Битолчани кои на двапати го имаат освоено победничкиот пехар ќе имаат прилика да ја спасуваат сезоната преку куп-натпреварувањето.

Треба да знаете
Последни објави