Одличен настап на „Дајте Музика“ на првата евровизиска проба

Децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ ја претставуваат Македонија на 19. издание Детска Евровизија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.

Македонските тинејџерски ѕвезди Анастасија, Филип, Кики и Миха се веќе во Париз, каде денеска ја имаа и првата проба.

Јуниорскиот избор за песна на Евровизија ќе се одржи на 19 декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината.

По објавувањето на пробниот настап на нашите претставници, оценките се одлични и се нижат бројни позитивни коментари.

На блогот на Детската Евровизија се вели: „Овие момчиња и девојчиња се вистински професионалци, што е сосема очекувано ако се земе предвид дека „Дајте музика“ е едно од најпопуларните ТВ-шоуа во Македонија“. „Групата „Дајте музика“ излезе на сцената со енергична порака за надеж и еколошка свест, раскажана преку медиумот на танцовиот подиум.“

Треба да знаете
Последни објави