Реал Мадрид заборави на ривалството и му посака многу среќа на Агуеро кој замина во предвремена пензија

Денеска на емотивна прес-конференција Серхио Кун Агуеро се збогуваше од професионалното играње фудбал. Аргентинецот Агуеро кој летово пристигна од англискиот првак Манчестер сити во шпанската Барселона, поради здравствени проблеми со срцето ја завршува кариерата на 33 годишна возраст. Агуеро во кариерата настапуваше за двата најголеми ривали на Реал Мадрид во Шпанија, Барселона и Атлетико Мадрид.

Сепак, најтрофејниот со европски шампионски титулиу Реал Мадрид направи убав гест и ривалството со екипите за кои настапуваѓе Агуеро во Ла Лига го остави за на теренот ју на големиот напаѓач му порача:

-Чест беше да се натпреваруваме против фудбалер каков што беше ти, еден од најдобрите во светот. Многу среќа за тебе и твоето семејство, се вели во пораката адресирана до Агуеро  од Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави