Ристовски: Вардар се уште е најквалитетна екипа во Македонија

Вардар со гол од пенал во последната минута се спаси од пораз на големото дерби со Еурофарм Пелистер, реми кое многу повеќе им одговара на „црвено-црните“, кои се враќаат во пол-позиција во трката за титулата.

Голманот Борко Ристовски имаше квалитетен меч на голот на „црвените“, кои водеа повеќе од 50 минути, но на крајот се доведоа во ситуација да спасуваат бод. Искусниот чувар на мрежата е задоволен од прикажаната игра, воедно истакнувајќи го и квалитетот што на тимот му го донел младиот стратег Владо Недановски.

-Многу ми е драго што игравме еден ваков натпревар пред ваква публика. На Македонија ѝ требаат вакви натпревари за да можеме да видиме секој играч колку може и до кој степен може да се смета на него. Тренерот, иако имаше малку време, мислам дека одлично ги постави работите и во нападот и во одбраната и можам да кажам дека сум пријатно изненаден од спремноста и од храброста на ова младо момче. Mожам слободно да кажам дека Еурофарм единствено нѐ стигна само поради малата ротација што ја имавме. Одигравме еден одличен меч и покажавме дека сме сепак поквалитетни. Мислам дека на крајот на денот, квалитетот е тој што решава на вакви мечеви,а Вардар се уште е најквалитетна екипа во Македонија. Честитки за целиот тим и одиме напред… нема застанување, рече Ристовски.

Треба да знаете
Последни објави