Ристовски погоди против Истра за триумф на Динамо

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше стрелец на вториот гол за Динамо во победата над Истра во Пула со 0:2 во меч од хрватскиот шампионат.

Натпреварот кој го одбележаа и три црвени картони почна со гол на Гојак во 10. минута, кој му донесе водство на Динамо од 1-0.

Во завршницата на второто полувреме се случуваше вистинска лудница, кога Теофил-Катерин од Динамо доби црвен картон, по што Лучиќ на спротивната страна беше исклучен во 88. минута, а само две минути подоцна „поцрвене“ и Петковиќ.

Ристовски погоди во 98. минута, додека Истра се обидуваше да изедначи од корнер фудбалерите на Динамо поведоа контра. Ристовски беше проигран во празно, а тој истрча напред и ја погоди празната мрежа од голот на Истра.

Треба да знаете
Последни објави