Почина Иванчо – Ванчо Георгиевски, поранешен претседател на првиот регистиран фудбалски клуб во Македонија, Балкан од Скопје кој годинава одбележува јубилеј 100-години од формирањто. Герогевски ја загуби животната битка во 79 година.
Георгиевки беше прв човек на чаирскиот лигаш во перидот кога Балкан жареше и палеше во Македонија и на поранешните ју-простори. Под негово спонзорство и раководство Балкан напредуваше за четири натпреварувачки сезони во четири лиги, почнувајќи од регионалната до втората југословенска, каде поради распадот на заедничката држава запре со својот победнички поход на фудбалските терени.
Освен по победничките денови во Балкан во спортските кругови, а посебно во фудбалските постарите генерации Герогиевски го паметат и како член на Управниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ), сега ФФМ, кој го реализира одвојувањето од ФСЈ.