Двојно „вечно дерби“ во Битола меѓу Пелистер и Вардар

Во Битола денеска на спортските борилишта пресметки на вечните ривали Пелистер и Вардар. Загревањето ќе почне со четвртфиналната пресметка од фудбалскиот Куп на Македонија (13 ч.) на стадионот „Под Тумбе Кафе“, а потоа ќе продолжи (18 ч.) во салата „Боро Чурлевски“ каде силите во рамките од домашниот ракометен шампионт ќе ги одмерат силите двете водечеки екипи за титулата.

На фудбалската сцена оваа пресметка меѓу Пелистер и Вардар ќе биде сезонава единствена бидејќи лутите ривали не се во ист ранг на натпреварување. Пелистер е прволигаш, а најторфејниот Вардар второлигаш. Овој дуел не се одигра во редовниот термин, најпрво поради автобуската трагедија во Бугарија каде загинаа 46 македонски државјани кога беа одложени сите мечеви, потоа поради временските услови во Битола, па денеска дојде ред со „вечното дерби“ да биде спуштена завесата за годинава на македонската фудбалска сцена.

Пелистер иако е прволигаш не може да се издвои како фаворит затоа што битолчани се убедливо последни на табелата без ниту една победа во полусезоната. Од друга страна Вардар е третопласиран во втората лига на Западот.

Поради слабите резултати оставка од тренерската позиција кај Пелистер си поднесе Димитар Капинковски, а Вардар пак во битката за експресно враќање во прволигашкото друштво беше поразен од лидерот Силекс и главниот конкурентот за баражот Воска, по што врза три победи и остана во игра напролет да се бори за оставрување на амбициите.

Пласман во полуфиналето обезбедија Струга ТЛ, Македонија ЃП и бранителот на трофејот Силекс. Патниците од овие три одиграни четвртфинални натпревари на 1 декември, во полуфиналето беа решени со изведување пенали.

Треба да знаете
Последни објави