Хавиер Бардем: „Со Никол Кидман проработе “инстант хемија“

За Хавиер Бардем, времето е секогаш од суштинско значење. Актерот, кој е татко на две деца, вели дека тајната за одржување на силната врска со актерката Пенелопе Круз е да ги стави најблиските на прво место.

Бардем, кој ја игра кубанско-американската ТВ ѕвезда Деси Арназ во новиот филм „Being the Ricardos“, ретко зборува за својот приватен љубовен живот.

-„Кога имате семејство, треба да бидете особено внимателни да најдете време за нив, тоа е најважно“, изјави актерот за „Е њуз“ за време на премиерата на филмот во Лос Анџелес.

Хавиер и Пенелопе, кои се венчаа во јули 2010 година, се познати по тоа што не откриваат детали за нивната романса. Актерскиот пар ги има синот Лео (10) и ќерката Луна (8).

Последната биографска драма го следи емотивниот живот на Бардем како Арназ заедно со неговата сопруга Лусил Бол, која ја игра Никол Кидман. Магијата што се случува меѓу Бардем и Кидман во филмот, актерот ја припишува на инстант-хемијата со која зрачи неговата колешка.

Во шега дека „морале“ да имаат хемија за да успеат, актерот вели:

-„Немавме време за проби. Но, добрата работа е што и двајцата заминавме со големо искуство кое го разменивме, и успеа – што значи дека се потпиравме еден на друг и си верувавме“, истакна Бардем.

Треба да знаете
Последни објави