Претседателката на Металург, Зорица Блажевска, со објава на Фејсбук се заблагодари за времето поминато во дресот на Металург и за верноста во овие пет месеци.
-Благодарам Злаја за се. Ми беше десна рака, поддршка од првиот ден до денес. Ова не е збогум, само довидување, знаеме и двајцата. Дотогаш среќно во нови животни победи, напиша Блажевска.
Неофицијално, Хорват ќе ја продолжи кариерата во унгарски Дабас. Тој е последниот во низата интернационалци кои го напуштија Металург откако почна сезоната, како Рибеиро, Озтурк, Мане, а секако, тука е и случајот со браќата Њокас, кои практично, заминаа среде подготовки, пред сезоната и се преселија во Вардар.
Минатиот месец играчите на Металург најавија штрајк доцнење со платите, сепак, работите не ескалираа во таа насока, туку само продолжи егзодусот. Од Металург велат дека очекуваат ситуацијата да се стабилизира во февруари, но дотогаш не можат да излезат во пресрет на хрватското десно крило.
Хорват си оди по една и пол сезона мината во Автокоманда.