Луис Хамилтон прогласен за витез

Сер Луис Хамилтон е прогласен за витез како признание за блескавата кариера во Формула 1 и заслугите во мотоспортот само неколку дена откако контроверзно ја загуби рекордната осма титула.

Престолонаследникот, принцот Чарлс му ја врачи титулата на  британскиот супервозач  на специјална церемонија во замокот Виндзор во средата. Нему му се придружи мајка му Кармен Локхарт, и двајцата беа насмеани додека се фотографираа.

 

Легендарниот возач на Формула 1 и претходно се сретнал со членови на кралското семејство.

Луис во една прилика и лично се сретнал со кралицата. Во 2009 година, нејзиното височество го поканила на приватен ручек. Тој подоцна откри интересна анегдота од ручекот со монархињата, каде што таа му кажала неколку бонтон правила за однесување при јадење.

Треба да знаете
Последни објави