Тотенхем поради коронавирусот нема да игра ниту со Лестер

Екипата на англискиот Тотенхем нема да игра уште еден натпревар во закажаниот термин од фудбалскиот премиерлигашки шампионат, затоа што официјално одложен е натпреварот против Лестер Сити. Тренерот на „лисиците“, Брендан Роџерс, посочи дека од ПЛ одбиле овој дуел да биде одложен, ама сега доаѓаат нови вести. Мечот нема да се игра и премиерлигашот од Лондон трет натпревар по ред ќе мирува поради присутвото на коронавирусот во нивните редови.

Тотенхем претходно го одложи дуелот против Рен во Конференциската лига, а не играше и против Брајтон. Прашање е дали „петлите“ ќе бидат активни и за време на викендот поради случаите на ковид-19 во тимот. Веста за одложувањето ја соопшти и потврди „Скај Спорт“.

Треба да знаете
Последни објави