Фудбалер на Наполи е уапсен на аеродром бидејќи во себе имал повеќе пари во кеш

Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Костас Манолас е уапсен на аеродромот во Неапол кога сакал да замине за Грција. Манолас со себе носел повеќе пари во кеш, од дозволеното кога е во прашање царинскиот транспорт од Италија.

Манолас изјави дека ја подигнал готовината што му била потребна и дека добил дозвола од клубот да замине во Грција на неколку дена. Сепак, италијанската полиција веднаш го уапси Манолас, кој по изјавата беше ослободен, но случајот не е завршен.

Полицијата добила дојава дека Манолас со себе има повеќе од дозволеното кеш пари.

Манолас сезонава одигра седум натпревари за Наполи во сите натпреварувања, а на југот на Италија дојде во 2019 година од редовите на Рома.

 

Треба да знаете
Последни објави