Четврта победа во низа за МЗТ во АБА2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со добрите игри во АБА2, откако вечерва со триумф над Спарс (88-77) дојдоа до петтиот триумф во досегашните шест средби од регионалното натпреварување, а со која се искачија на второто место на табелата.

Аеродромци одлично го контролираа натпреварот, иако имаа моменти на не така сјајна игра, што успеваа да го компензираат со одличниот шут од скоро 60-отсто и со 12-те постигнати тројки.

Првите две четвртини му припаднаа на МЗТ и тоа беше најава за победата, иако Спарс одговори и го доби третиот период во кој внесе и неизвесност на паркетот.

Пред одлучувачките 10 минути, МЗТ имаше плус шест, но оваа предност мирно ја одржуваше, а дури и ја зголеми на крајот за нова победа во регионалното натпреварување.

Дастин Вер уфрли 26 поени во победата на МЗТ, а одличен беше и Роберт Рикиќ со 17 поени и 4 скокови зад своето име.

Дуелот на македонскиот шампион против црногорскиот претставник, последен на турнирот во Сараево, е закажан за в недела.

Треба да знаете
Последни објави