Британската Кралица Елизабета Втора го откажала семејниот ручек во пресрет на католичкиот Божик, изјави неименуван извор од Бакингемската палата.
Изворот наведува дека одлуката е донесена како мерка на претпазливост, бидејќи се верува дека, доколку се случи, таков настан ќе претставува ризик за плановите на многу луѓе за Божик.