Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар во третото издание на Лигата на нации, беше решено на ждрепката во Нион.
Според противниците, Македонија има шанси да се бори за првото место, а се очекува дека главен ривал ќе ни биде источниот сосед, Бугарија.
Лигата на нации ќе стартува во јуни 2022 година и ќе се игра до јуни 2023 година. Победникот во групата ќе се избори за место во Б сегментот додека најслабопласираниот може да испадне во Д сегментот кој е најслаб по ранг.
Во Ц сегментот извлечени се следните групи:
Група 1: Турција, Луксембург, Литванија, Фарски острови.
Група 2: Северна Ирска, Грција, Косово, Кипар или Естонија (победникот).
Група 3: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан или Молдавија (победникот).
Група 4: Бугарија, Македонија, Грузија, Гибралтар.
Во Д сегментот според извлечената ждрепка ќе играат:
Група 1: Летонија, Андора, Казахстан или Молдавија (поразениот тим), Лихтенштајн.
Група 2: Сан Марино, Кипар или Естонија (поразениот тим), Малта.