Според информациите на италијанските медиуми, шпанскиот фудбалски гигант Барселона кој е во финансиска и резултатска криза сезонава сака да го врати на „Камп Ноу“ Чилеанецот Алексис Санчез. Напаѓачот од Чиле за Барселона играше од 2011 до 2014-та година заедно со сегашниот тренер Ернандез Чави. Настапи на 88 натпревари и постигна 39 голови, а потоа се пресели во англискиот Арсенал каде имаше многу позабележителни настапи.
Санчез (32 г.) сега е дел од шампионскиот тим на италијанскиот Интер, но од новиот тренер Симоне Инзаги не добива многу прилики за настап. Преднего во нападот шанса добиваат Џеко, Мартинез и Кореа. Санчез сака да си замине, но за да се врати во Барселона треба да даде зелено светло некогашниот негпов соиграч Чави.
За да се реализира овој кам-бек можна е и размена. Санчез да дојде на „Камп Ноу“, а на 2Џузењпе Меаца“ да замине Лук Де Јонг, напаѓач кој дојде по замининувањето на Гризман на инсистирање на екс тренерот Роналд Куман, кој кај Чави не добива минутажа.