Џејмс Камерон: „Аватар 2“ мора да заработи многу пари

Легендарниот режисер Џејмс Камерон се отвори за долгоочекуваното продолжение на неговиот блокбастер од 2009 година, кое треба да стигне во кината во 2022 година, и призна дека има голем притисок врз филмовите со голем буџет по влијанието на пандемијата и стримингот.

Во интервју за „Ентертејнмент викли“ тој рече: „Голем проблем е дали ќе заработиме толку пари. Големите, скапи филмови мора да заработат многу пари.“

„Ние сме во нов постковид свет со глобален раст на стримингот. Можеби тие бројки никогаш повеќе нема да ги видиме. Кој знае? Сето тоа е големо вртење на коцките.“

Камерон откри дека зпретстојниот филм – во кој глумат Сем Вортингтон, Зои Салдана, Стивен Ланг, Сигурни Вивер, Кејт Винслет, Еди Фалко и други – му овозможи „да ги спои своите две најголеми љубови –  режија и океанско истражување“.

„Звучи некако лудо, мислам на процесот, доколку „Аватар“ не заработеше толку многу пари, немаше да правиме втор дел. Како и да е, јас се занимавам со океани и кога не правам филм. Кога би можел да ги комбинирам моите две најголеми љубови – од кои едната е истражување на океаните, другата, снимање филм – зошто да не?“, додаде тој

Треба да знаете
Последни објави