Бен Афлек: Да останев во брак со Џенифер Гарнер веројатно сè уште ќе пиев

Бен Афлек проговори за својата зависност од алкохол и признава дека најверојатно сè уште би пиел доколку останел во брак со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.

Сценаристот и актер беше во брак со Џенифер 10 години, од 2005 до 2015 година.

Тој гостуваше во радио-емисијата „Хауард Стерн шоу“, каде, меѓу другото, зборуваше и за бракот со неа.

Во речиси двочасовниот разговор со водителот, главна тема беа неговите улоги и кариера, но беа допрени и некои поприватни теми, вклучувајќи го и разводот од Гарнер.

„Ни беше потребно извесно време за да донесеме одлука. Се разделивме. Бевме во брак кој не успеа, се случува, со некој што го сакам и почитувам, но со кој повеќе не треба да бидам во брак. Се обидовме. Се трудевме затоа што имаме деца. И двајцата чувствувавме дека не сакаме ова да биде модел по кој нашите деца ќе гледаат на брак“, рече актерот.

Тој откри дека се чувствувал заробен во бракот и затоа почнал да пие.

„Веројатно сè уште ќе пиев. Тоа е дел од причината зошто почнав да пијам, затоа што бев заробен, лошо решение“, рече Афлек.

Џенифер Гарнер и Бен Афлек се разведоа во 2015 година и останаа пријатели по разводот. Имаат две ќерки Вајолет (16), Серафина (12) и син Семјуел (9)

Пред неколку месеци, актерот ја обнови романсата со Џенифер Лопез со која беше во врска пред 17 години.

Треба да знаете
Последни објави