(Видео) Луда завршница во НБА со победничка тројка од 19 метри !

Синоќа во најсилната кошаркарска НБА-лига се одиграа 11 меча, а еден од нив имаше луда завршница каква не е видена во последните 25 години со постигната тројка за победа од 18,6 метри ! Јунакот на вечерта е Девонте Греем од Њу Орлеанс кој тројката од далеку ја погоди на 0,3 секунди до крајот за триумф на неговиот тим против Оклахома (113:110). Но, тоа беше само врв на драмата, бидејќи лудата завршница почна порано, со изедначување на 110-110 со тројка од речиси од половина терен на домашниот играч Шаи Гилџеус Александер на 1,4 секунди до крајот. Кога се чинеше дека ќе има продолжение, се случи тројката на Греем за триумф од 113-110.

Резултати: Кливленд – Хјустон 124:89, Орландо – Атланта 99:111, Филаделфија – Мајами 96:101, Далас – ЛА Лејкерс 104:107, Милвоки – Индијана 114:99, Оклахома – Њу Орлеанс 110:113, Сан Антонио – Шарлот 115:131, Денвер – Минесота 107:124, Портланд – Мемфис 103:113, Сакраменто – Вашингтон 119:105, Јута – ЛА Клиперс 124:103.
Треба да знаете
Последни објави