Лидерот во шпанската фудбалска Ла Лига, Реал Мадрид вчера објави дека Марсело и Лука Модриќ се позитивни на коронавирусот, но изгледа дека не се во прашање само ови двајца фудбалери кои имаат инфекција од вирусот. Шпанските медиуми пренесуваат дека покрај Модриќ и Марсело има уште петмина фудбалери на Реал заразени и така се доведува во прашање натпреварот кој Реал треба да го игра в недела против Кадиз. Според правилата на располагање еден тим мора да има 13 играчи.
Забранети се сите посети во тренинг комплексот на Реал, откажан е тренингот кој требаше да се одржи утрово, а сите играчи, тренери и вработени ќе прават ПЦР тестирање. Резултатите се очекуваат денес.
„Марка“ објави дека Модриќ, Марсело и останатите фудбалери кои би биле позитивни ќе мора да бидат во изолација најмалку 10 дена, а тоа би значело дека нема да играат повеќе во 2021 година.