Формула 1 тимот на Мерцедес соопшти дека нема да се жали за резултатите од последната трка сезонава која се одржа во Абу Даби каде беше решени и новиот шампион во „најбрзиот циркус“. Седумкратниот првак Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес ја загуби шампионската титула од Макс Ферстапен во последниот круг.
Германскиот тим достави два протести веднаш по завршувањето на трката поради одлуките на директорот на трката Мајкл Маси и хаосот што се случи по излегувањето на безбедносното возило на патеката на шест круга до крајот и двете беа одбиени. Мерцедес се предомисли за жалбата на повисока инстанца откако ФИА и Формула 1 донесоа одлука да се формира независно експертско тело за да се направи детална анализа на случувањата и одлуките кои беа донесени во финишот на трката. Со цел во иднина да не се носат вакви нејасни одлуки кои директно влијаат на исходот на трките, а во овој случај и на првенството.
-Мерцедес активно ќе работи со комисијата за да се изгради подобра Формула 1 за секој тим и секој навивач, кој го сака овој спорт како и ние. Ќе ја сметаме ФИА одговорна за овој процес и со тоа ние ја повлекуваме нашата жалба, се вели меѓу другото во сопштението на Мерцедес.
Тимот на мерцедес сепак испратри честитка до Макс Верстапен за шампионската титула, како и на целиот тим на Ред Бул. Според медиумите, самиот Хамилтон побарал од Мерцедес да се откаже од жалбата.