Санчез би се вратил во Барселона оти не добива шанса да игра во Интер

Според информациите на италијанските медиуми, шпанскиот фудбалски гигант Барселона кој е во финансиска и резултатска криза сезонава сака да го врати на „Камп Ноу“ Чилеанецот Алексис Санчез. Напаѓачот од Чиле за Барселона играше од 2011 до 2014-та година заедно со сегашниот тренер Ернандез Чави. Настапи на 88 натпревари и постигна 39 голови, а потоа се пресели во англискиот Арсенал каде имаше многу позабележителни настапи.

Санчез (32 г.) сега е дел од шампионскиот тим на италијанскиот Интер, но од новиот тренер Симоне Инзаги  не добива многу прилики за настап. Преднего во нападот шанса добиваат Џеко, Мартинез и Кореа. Санчез сака да си замине, но за да се врати во Барселона треба да даде  зелено светло некогашниот негпов соиграч Чави.

За да се реализира овој кам-бек можна е и размена. Санчез да дојде на „Камп Ноу“, а на 2Џузењпе Меаца“ да замине Лук Де Јонг, напаѓач кој дојде по замининувањето на Гризман на инсистирање на екс тренерот Роналд Куман, кој кај Чави не добива минутажа.

Треба да знаете
Последни објави