Гвардиола заврши во изолација

Тренерот на англискиот шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола заврши во привремена изолација и ќе чека второ брзо тестирање, откако првиот ПЦР-тест бил – „неубедлив“.

Гвардиола денеска требаше да има прес-конференција закажана од 13.30 часот, ама на неа не се појавил, а англиските медиуми добиле информација дека Гвардиола има „неубедлив“ тест, според кој не може да се каже точно дали е позитивен или е негативен.

Поради тоа, Пеп ќе мора вторпат да биде тестиран и ако неговиот втор тест излезе позитивен ќе оди во десетдневна изолација, а ако е негативен ќе си биде дел од тимот и викендов. Англикачните шпекулираат дека Гвардиола можно е да го закачил ковид-19 вирусот во изминативе денови, зашто беше во Барселона на прошталната прес-конференција на Серхио Агуеро, кој ја заврши кариерата поради проблемите со срцето.

Сити го чека меч со Њукасл во недела, но засега мечот останува неизвесен, а пет други мечеви се откажани поради зголемената зараза од коронавирусот во Премиерлигата.

Треба да знаете
Последни објави