Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар удебливо во последниот натпревар за оваа година од домашната суперлигашка конкуренција го совладаа третопласираниот Бутел (36-21). Вардар одигра фуриозно второ полувреме, во кое гостите постигнаа само шест гола. Првото беше „нормално“, со добар почеток на бутелчани, дури и со повремено водство, а потоа Вардар направи две серии од по 3-0, за да поведе со 16-10. Бутел сепак ја ублажи негативата со добар финиш на првиот дел и се избори на пауза да замине со 18-15.
Без К. Њокас, Гаџа, Валчак, Тото, Георгиевски најефикасни кај „црвено-црните“ беа Моралес, Ѓукиќ и Дибиров со по пет гола. Кај Бутел осум гола постигна хрватскиот десен бек, Денис Тот.
Со оваа победа, 14-та во 16 кола, Вардар дојде до 42 бода и ќе го чека Е. Пелистер да се израмни со него, по вечерашното гостување кај Радовиш. Во вториот одигран натпревар поладнево Струга го декласира ослабениот Металург со 35-21.