Најбогатиот фудбалер на светот доби отказ

Фудбалер со најмногу пари на сметката не е Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо или Килијан Мбапе, туку е внукот на брунејскиот султан, Фаик Болкија (23), кој и покрај тоа неодамна доби – отказ.

Станува збор за момче кое иако се проценува дека во моментов е „тежок“ 18 милијарди долари, со години наназад се обидува да успее во професионалниот фудбал, но засега безуспешно. Тој неделава беше отпуштен од португалскиот прволигаш Маритимо, со кого минатото лето потпиша договор и тоа без воопшто да настапи за оваа екипа. Болкија изминативе години настапуваше во младинските школи на премиерлигаши како Саутемптон, Арсенал, Челси и Лестер, со кого потпиша и трогодишен договор, но од каде што му беше кажано дека може да си оди пред да се пресели во Португалија.

„Постигнавме договор за раскин на договорот со Фаик, кому му благодариме за трудот и залагањето и му посакуваме сè најдобро во понатамошната кариера“, пишува во соопштението клубот кој моментално е на 15. место во португалската елита..

Болкија одигра само два меча за Б-тимот на Маритимо, а засега не се знае дали ќе продолжи да се труди да успее во професионалниот фудбал.

Треба да знаете
Последни објави