Крилниот центар го повреди коленото во второто полувреме, по што не се врати на паркетот, а лекарските прегледи направени вчера утврдија дека проблемот воопшто не е наивен. Тој ќе мора да мирува најмалку четири недели, што значи дека за него 2021 година е веќе завршена, барем што се однесува до кошаркарскиот дел.
Прашање е дали тој воопшто ќе се врати и во јануари, што само ќе ги дополни проблемите меѓу „езерџиите“, кои подолг период мачат голема мака со повредените и болните со коронавирусот кошаркари, поради што во моментов се на шестото место во Западната конференција.
Дејвис во досегашниот дел од сезоната просечно реализираше 23,3 поени со 9,9 скокови.