Џозеф Паркер го победи Британецот Дерек Чисора во реваншот мечот во Манчестер. Судиите на рингот досудија победа за Новозеланѓанецот со резултат 114-112, 115-111 и 115-110 по дванаесет рунди. Поранешниот конкурент за светска титула Дерек Чисора беше соборен три пати, но сепак се бореше до крај и се покажа повеќе од достоен противник.
-Тој е тежок борец. Навистина, тоа беше добро продолжение на нашата прва битка. До крајот не престана да напаѓа. Се чувствував подобро на овој меч. Знаев дека треба да почнам силно од самиот почеток. Го следев мојот план колку што можев, но како што можете да видите, треба да подобрам некои работи во мојата борба, изјави Паркер, поранешен светски шампион во ВБО верзијата.
Боксерскиот промотор Еди Херн не штедеше комлименти по мечот.
-Тоа беше брилијантен меч. Дерек Чисора не е човек. Не знам како оваа битка стигна до последниот рунда! Ова е огромна победа за Паркер. Чисора едноставно не се откажува. Ова е најтешкиот спорт на светот и овие двајца навистина заслужуваат почит, изјави Херн.
Тој додаде дека Паркер сака уште еден обид за освојување на светска титула, но ќе мора да се построи во редот.
-Можеби елиминациски меч со Филип Хрговиќ за титулата во ИБФ. Кариерата на Паркер е во полн ек. Тоа беше брилијантен крај на 2021 година, додаде боксерскиот експерт.