Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влахович е вистинска „гол-машина“ и не престанува да ги тресе противничките мрежи.
21-годишниот српски напаѓач денес повторно беше стрелец против Сасуоло, а тоа за него беше 33 гол во оваа календарска година. Со оваа бројка тој се израмни со Кристиано Роналдо со најмногу постигнати голови во Серија А во една календарска година.
Србинот можеби уште еднаш ќе се запишеше во листата на стрелци, но беше заменет со дефанзив, бидејќи Фиорентона играше со фудбалер помалце.
Влаховиќ ќе има уште еден натпревар по три дена и доколку постигне гол ќе може да стане апсолутен рекордер во Серија А.