Ракометарките на Данска го освоија бронзениот медал на Светското првенство во ракомет, откако попладнево во Гранолерс го совладаа домаќинот Шпанија во натпреварот за третото место со 35-28 (16-13).
Најефикасна ракометарка во редовите на Данска беше Луиз Бургард со седум голови, додека Кармен Мартин постигна гол помалку за домашната репрезентација.
За Данска ова е прв медал од големите натпреварувања по 2013 година, кога на Светското првенство во натпреварот за бронзениот медал ја совлада Србија.
Во вечерашното финале за златниот медал ќе играат репрезентациите на Норвешка и Франција.