Елмас го искористи центар-шутот на Пјотр Зиелински од корнер и со глава го матираше голманот на „росонерите“ за водство на екипата од Неапол со 1-0.
Наполи го контролираше натпреварот до крајот на првите 45 минути, по што Милан ги презема работите во второто полувреме и се обиде да стигне до израмнување.
Во самиот финиш, Милан постигна погодок за израмнување преку Франк Кеси, но по прегледување на ВАР снимката не беше признат поради офсајд ситуација во која се најде Оливие Жиру.
По двата неочекувани порази во претходните две кола Наполи сега има 39 бода, колку и Милан, па се наоѓа на делба на втората позиција, додека лидер во шампионатот е Интер со 43 бодови.
Исто така, ова за Елмас беше трет гол во првенството, а има и една асистенција.