Тотенхем и Ливерпул одираа без победник 2-2 во дербито на 18. коло во Премиер лигата.
Битката во Лондон донесе се што треба да донесе еден ваков меч, динамика, шанси, голови, страст и енергија за да на крајот двете екипи освојат по еден бод.
Резултатот беше отворен во 13 минута од страна на Кејн по што домаќините пропуштија шанси преку Сон и Али да го зголемат водството на 2-0. Како што обично се случува стигна казна, па Жота во 35. минута погоди за 1-1 со што го постави резултатот на полувреме.
Во второто полувреме имаше луди седум минути. Најпрво во 70. минута Робертсон погоди за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1. Во 74. минута Сон по асистенција од Кејн израмни на 2-2. А три минути подоцна Робертсон заработи црвен картон по силен удар врз Емерсон Ројал, Ливерпул остана со играч помалку.
Впечаток е дека критериумот на судијата не беше ист бидејќи претходно Хари Кејн имаше многу поопасен старт со отворен ѓон, но судијата не му покажа црвен картон.
Ливерпул сега има 41 и е на минус три во однос на лидерот Манчестер Сити, Тотнем со 26 е на 7 позиција.