Меклиш: Лидс направи огромна грешка што го замени Алиоски со Фирпо

Поранешниот селектор на Шкотска, Алекс Меклиш зборувајќи за „Football Insider“ Лидс Јунајтед направил грешка што го замени Езгјан Алиоски со Жуниор Фирпо за време на летниот преоден рок.

Фирпо (25 ) пристигна од Барселона за сума од околу 12,7 милиони фунти, а Алиоски(29) го напушти Еланд Роуд за да му се приклучи на Ал Ахли на слободен трансфер по крајот на неговиот договор.

-Многупати кажав досега дека Алиоски од лев бек и лево крило стана класично бек-крило, нешто што на пример во Франција, Италија и Англија во последно време посебно се користи, зашто таквите крилни-бекови многу почесто напаѓаат, без оглед што некогаш не се дефанзивно најдобри. Алиоски беше таков фудбалер и израсна во таков крилен-бек. И можеби неговата замена со Фирпо делуваше како добар и голем план, само што на терен не е така, од доаѓањето тој се мачи. Се мачи со брзината на игра, со техничките квалитети на премиерлигашите, со просторот. Делува дека му е многу тешко, за разлика од Алиоски кој одлично се снаоѓаше, посебно под палката на Марсело Биелса, вели Меклиш.

Фирпо стартуваше девет пати во 12 настапи во Премиер лигата за Лидс досега.

Треба да знаете
Последни објави