Новинар на кинески државен медиум објави денеска нова, неавторизирана видео снимка и фотографија со ликот на тенисерката Пенг Шуаи, чија судбина изминатите месеци сериозно ја загрижува тениската заедница по нејзините обвинувања за сексуално злоставување од страна на поранешен висок функционер на Комунистичката партија на Кина.
Новинарот на „Глобал Тајмс” Ксингџин Чен објави на Твитер видео во траење од седум секунди кое ја прикажува Шуаи во разговор со поранешната кинеска кошаркарска ѕвезда Јао Минг. На снимката во друштво на Шуаи можат да се забележат и поранешниот пингпонгар Ванг Ликин и едриличарката Ксу Лиџи.
Видеото на кинескиот новинар наводно му ја испратил негов пријател, а снимено е за време на натпревар од нордиско скијање во градот Шангај.
Поранешната најдобра светска тенисерка во двојки, Пенг Шуаи, на почетокот на ноември го обвини поранешниот заменик премиер Жанг Гаоли дека пред три години ја принудувал на сексуални односи.
Нејзината објава веднаш беше избришана од социјалните мрежи, а Шуаи следните три недели целосно исчезна од јавноста што предизвика загриженост во меѓународната заедница.