Шпанскиот пејач Карлос Марин, член на квартетот „Ил Диво“, почина на 53-годишна возраст во Кралската болница во Манчестер.
Преостанатите членови на вокалната група ја објавија веста за смртта на нивниот пријател на својата веб-страница во неделата вечер.
Марин бил примен во болница овој месец во текот на новогодишната турнеја во Велика Британија. На пејачот му се слошило на 7 декември и бил ставен во медицинска индуктивна кома. Не е прецизирана болеста, пренесува „Би-би-си“.
Некои медиуми објавија дека тој починал од коронавирус.
Споделувајќи ја веста за неговата смрт во неделата вечер на Твитер, „Ил Диво“ соопшти: „Со тешко срце ве известуваме дека почина нашиот пријател и партнер Карлос Марин.
„17 години ние четворица бевме заедно на ова неверојатно патување на Ил Диво“, напишаа членовите на групата, Дејвид Милер, Себастиен Изамбард и Урс Билер во спомен на починатиот пејач.
„Никогаш нема да има друг глас и дух како Карлос“, напиша „Ил Диво“.
Марин е дел од „Ил Диво“ од неговото основање во 2003 година. Четворцата се познати како пионери на оперскиот поп и имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми ширум светот.
Во квартетот тој беше баритон, Урс и Дејвид се тенори, а Себастијан е поп изведувач.